Д-р Цвете Павлоски
Специјалист
Oрален Xирург
Високото образование го стекнал на државниот стоматолошки факултет при унирверзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, понатаму го збогатува своето знаење со специјалистичките студии по орална хирургија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Но своето знаење и пракса континуирано ги надоградува како во државата така и надвор од неа преку посета на разни семинари и курсеви во повеќе градови како Загреб, Франкфурт, Берн и др. Посебно се истакнува курсот во Берн-Швајцарија кај еден од тројцата најдобри професори во светот проф.др.Daniel Buser ,,Master Course in GBR and Sinus Floor Elevation Procedures” при универзитетската клиника во Берн-Швајцарија. Меѓу кои како позначајни може да се наведат: Загреб „Straumann Pro Arch Edentulous Solution“ и „Comprehensive implantology course“; Курс за ендодонција (basic endodontic techniques using the protaper system); Direct Composite Veneers; Greater New York Dental Meeting – hands on work shop (мекоткивен пикасо ласер), New York, USA; Fundamental Implantology Course, Tel Aviv, Israel; Augmentation procedures with Piezosurgery in dentistry; Direct System Veneer – Edelweise, како и многу други стручни предавања и семинари.